За успешно да се спроведе гејмификацијата меѓу вработените потребно е:
- Јасно да се прецизирани целите на играта
- Да има критериуми за да се знае кога подбедиле
- Да се кажат наградите – за победниците, за второ место итн.
- Да се потенцира зошто постигнувањето на целите е корисно како за компанијата така и за поединецот
- Да се прецизираат правилата на играта, особено оние за дисквалификација
Особено е важно гејмификацијата да е вклучена во работната култура од самиот почеток, односно од самиот тренинг. На тој начин, и обуката ќе биде покомпетитивна и ќе го добиете навистина најквалитетниот кандидат, а понатаму тоа ќе влијае и врз неговиот/нејзиниот перформанс, со тоа што ќе знае дека го/ја очекуваат награди.