- Овозможете олеснета интерактивна обука
За подобрување на потенцијалот на вработените, потребно е да им овозможите тренинг програма. Но не било каква. Истата треба да биде креативна, забавна и најважно, интерактивна.
Досадното и монотоно учење може да ги уништи целото искуство, затоа бидете креативни со материјали кои се впечатливи, додадете истражувања и овозможете дискусија.
Можете да употребите и алатки на гејмификација (како нашата) со која ќе го разбудите компетитивниот дух, ќе го направите учењето на нови вештини или повторувањето на стартие вештини позабавно. Софтверот овозможува употреба на повеќе опции преку кои вработените ќе можат да се натпреваруваат.
Задолжително вклучете реални награди за вработените да бидат понагажирани.
- Идентификувајте ги и решете ги слабите перформанси
Доколку имате вработени кои не го искористуваат потенцијалот доволно, потребно е да најпрво да го идентификувате проблемот, потоа понудете им поддршка, разгледајте ги заедно задачите кои ги има, па доколку се премногу распределете ги на повеќе луѓе.
Бидете сигурни дека вработениот ги познава сите потребни правила за работата. Тоа може да го направите преку интервјуа, евалуација или со софтвер за гејмификација, кој ќе му овозможи на вработениот преку механизми на игра да го провери и/или подобри своето знаење.
- Овозможете заедничко работење
Преку заедничкото работење, вработените имаат шанса да се консултираат, да споделуваат информации и знаења, начини на решавање на одреден проблем и слично.
Со ова го зајакнувате тимот, и овозможувате дискусија и дебата.
- Препознајте и наградете
Не се плашете да ги препознаете и наградите вработените кои добро ја завршиле работата. Според експертска студија, вработените кои постојано се наградуваат за нивните задачи покажуваат поголем интерес и ангажираност на работа, што резултира со зголемена продуктивност и подобри перформанси.
- Вложете во технологија која ќе ви биде корисна
Инвестирањето во вистинските технологии може драматично да ја подобри продуктивноста на работното место. Ќе ви помогне да се поедностават задачите и да се забрзаат процесите без да се загрози квалитетот на работата.