Дури 92% од деловните директори веруваат дека ангажираните вработени имаат подобри резултати, зголемувајќи го успехот на нивните тимови и подобрувајќи ги резултатите на нивниот бизнис.
Компаниите кои ги ценат своите вработени ќе бидат „наградени“ со посветена, страсна и квалификувана работна сила.
Како да ја подобрите ангажираноста?
- Подобрете ја ефикасноста на работното место
Бидете сигурни дека сите процеси се лесно прифатливи за сите и јасни, едноставни да се имплементираат, бидете сигурни дека технологијата што ја користите е брза и едноставна за користење
- Подобрете ја комуникацијата
Комуникацијата меѓу вработените е една од клучните алатки за успех. Доколку сте голема организација, бидете сигурни дека разглични оддели можат лесно да комуницираат меѓу себе. - Дадете признание
Со препознавање на вработените кои успешно ја завршуваат работата, создавате здрава работна средина. Преку 91% од HR менаџерите сметаа дека препознавањето на добрата работа и наградите ги инспирира вработените да останата подолго време во истата компанија. - Охрабрете квалитетен фидбек
Многу често, вработените очекуваат и сакаат фидбек. Тоа влијае врз нивото на ангажираност на работното место. Можете да закажете редовни кратки состаноци со секој вработен, или охрабрете го средниот менаџмент да спроведува состаноци за перформансот со вработените и да им даде фидбек за дотогашната работа.
- Организирајте дружења надвор од работното место
Engagement и посветеноста на вработените често зависи и од работната атмосфера. Не мора вработените да се најдобри пријатели, но важно е да имаат добра соработка и разбирање. Па така, не се плашете да организирате дружби и надвор од работното време, кои не мора да бидат патување или класичен team-building. Тоа можат да бидат Happy hour во локалниот паб, вечер на игри, или некоја спортска активност.