- Engagement на вработените оди подалеку од самите активности, игри, и настани. Engagement на вработените ги поттикнува перформансите.
- Engagement на вработените е важен, бидејќи тоа директно влијае врз целата компанија, нејзината цел и насока во која се движи.
- Вработените кои се со висок engagement ја гледаат компанијата како цело и точно ја знаат нивната цел, каде и како припаѓаат, што води до подобро донесување одлуки. Со подобро донесување одлуки се намалуваат грешките и пропустите.
- Engagement на вработените е многу важен за сите организации бидејќи имањето ефективни стратегии помага да се создаде подобра работна култура, да се намали флуктуацијата, да се зголеми продуктивноста, да се изградат подобри работни односи и односи со клиентите, и сето тоа влијае врз профитот на компанијата.
- Едноставно кажано, кога вработените имаат висок engagement во работата, тоа значи дека се среќни во компанијата, па така стануваат најдобрите адвокати за компанијата. Вработените се поенергични, ефикасни и имаат тенденција да го надминуваат она што се очекува од нив. Сето ова влијае и на нивното ментално здравје на работа и може позитивно да влијаат на оние околу нив (колеги и клиенти)