- Терминот „engagement на вработениот“ се однесува на нивото на посветеност на вработениот и поврзаноста со организацијата во која работи.
- Engagement на вработениот се поврзува со нивото на ентузијазам и посветеност кои вработениот ги чувстува кон работата.
- Едноставно кажано, вработените кои се чувствуваат поврзани со нивната компанија се вработени со висок engagement во работата.
- Engagement на вработените во компанијата е силната менталната и емоционалната поврзаност што вработените ја чувствуваат кон работата што ја работат, нивните тимови и нивната организација.
- Вработените кои имаат висок engagement во компанијата се адвокати за компанијата и се со намера да останат подолг период во истата. Тие се ментално и емоционални посветени на целите кои ги има организацијата и работат напорно кон остварување на истите, а дополнително ги охрабруваат останатите вработени да работат најдобро што можат.